11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

На прилепчанка измамници и’ украдоа 6 илјади евра

МВР информира дека вчера во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари.

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари. Според пријавеното, на 15.05.2024 лицето телефонски ѝ се јавило и, претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете-мигрант. Како што е пријавено, тој, исто така, откако ѝ кажал дека родителите на детето барале пари, а доколку не им даде нејзината внука ќе одела во затвор 10 години, таа се согласила и следната вечер во нејзиниот дом дошло женско лице на кое му ги дала парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од почетокот на месецов СВР Битола апелира граѓаните да бидат внимателни со измамници кои информираат за лажни сообраќајни незгоди за блиски членови од семејството на жртвата и на таков начин  земаат пари. За ваквите случаеви полицијата повикува граѓаните да се пријават на 112 и 192.

Би можело да ве интересира

Претрес во дом на прилепчанец – пронајдена марихуана

Пела Редакција

Жена прегазена од товарно возило на раскрсница во Прилеп

МЗШВ: Земјоделците без дозволи, надвор од атарите на своите села, да се најават во општинските кризни штабови

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе