Според радарска слика нестабилно е во западните делови и во Пелагонија со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи за вечерва околу 21 часот кога и Прилеп беше зафатен со невреме од пороен дожд, ветер и електрични празнења .
Поројниот дожд ќе продолжи кон крајот на денов со локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
И за наредниве денови УХМР најавуваат нестабилно време:
Во следните денови ќе се задржи топло време, а во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.