29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Почнаа изборите, во Прилеп гласаат 29 заболени и лица во изолација

Во Прилеп денеска гласаат 29 граѓани заболени од корона вирусот и во изолација. Од Општинската изборна комисија специјалниот одбор од медицински лица изутрината го подигна гласачкиот материјал, заштитната опрема и според протоколите за заштита, со скафандри и примена на мерките го спроведува гласањето во домовите на граѓаните.
Утре, во Прилеп, ќе гласаат 489 болни и немоќни лица. В среда пак, своето право на глас ќе може да го остварат 64 004 граѓани. Од 142, ќе се гласа на 130 избирачки места, зашто 12 се присоединети затоа што имаат помалку од 10 гласачи. Поради безбедност и заштита на граѓаните, 13 избирачки места се дислоцирани за да ги задоволат просторните услови.

Би можело да ве интересира

Одбележана годишнината од смртта на Ченто

Пела Редакција

Силен земјотрес во Хрватска, половина Петриње разрушено, војската доаѓа да помогне

МВР: Внимавајте-има лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе