7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Доктор Фауст“ од Битолскиот и „Клетници“ од прилепскиот театар на втората вечер од МТФ „Војдан Чернодрински“

МТФ „Војдан Чернодрински“ ја одбележаа на втората вечер двете театарски претстави: Битолскиот театар со претставата од 19.30 во ЦК„Марко Цепенков“, ја изведе „Доктор Фауст“ во режија на Андраш Урбан. А од 22.00 часот домаќинот театарот„Војдан Чернодрински“ја прикажа „Клетници“ по Виктор Иго, текст Горјан Милошевски, режија Мартин Кочовски.
Во рамките на придружната програма денеска се одржа јавна трибина на тема:„Театарската критика денес”. Трибината е резултат на соработката меѓу „Гледај.мк“ , проект на Младински културен центар – Скопје и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Учествуваа претставници од домашната театарска сцена, режисери,актери,театролози и критичари.
– Денешната трибина е одличен повод јавно да се проговори за потребата од сериозна, издржана, квалитетна театарска критика во Македонија. Со едуцирањето на публиката и потенцирањето на потребата за критика од страна на театарските уметници, македонскиот театар има можност да стане релевантен фактор во културата., изјави Д-р Ана Стојаноска, театролог и доцент на Факултетот за драмски уметности во Скопје која ја водеше трибината, додавајќи дека критиката му е насушна потреба на театарот.
На трибината беше презентирана и платформата за филмска и театарска критика Гледај.мк. Тоа е платформа чија цел е поттикнување на критичкото гледање на филмот и театарот. Преку проектот, 20 млади рецензенти во текот на оваа година ќе учат критички да гледаат и да пишуваат, ќе посетуваат претстави и проекции и ќе ги оценуваат, со поддршка од тим на искусни ментори. Истовремено, Гледај.мк ќе работи на едуцирање на домашната публика, на организирање на отворени предавања, проекции, дискусии и интервјуа со домашни и странски гости и соработници.

Би можело да ве интересира

Tрадиционалeн концерт во негување на македонската песна

Елизабета Филипоска

Прв солистички настап на Арсениј Ангелески

Елизабета Филипоска

Перото на македонските автори за деца во нашата училница

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе