14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Утре ( 4 јуни) Отворен ден во СОУ Ѓорче Петров- Прилеп за да дознаете како од УЧЕНИЦИ да станете СТРУЧЊАЦИ

Утре , 4 јуни е ОТВОРЕН ДЕН  во СОУ Ѓорче Петров -Прилеп, добра можност да се посети училиштето, да се видат условите и наставните програми и сите можност кои ги нуди ова стручно училиште во Прилеп за упис на идните средношколци. Праксата покажува дека стручните училишта стануваат се поатрактивни, а СОУ Ѓорче Петров -Прилеп , познато како  медицинско  училиште,  е едно од најатрактивните за ученците кои го завршуваат основното образование .

Инаку, инфомратинво : Во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп предвидено е во прва година да се запишат 322 ученици,  во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми ,и тоа за:

Здравствена струка – 136 ученици, 4 паралелки од кои : за медицински сестри 68 ученици во две паралелеки и фармацевтски техничар и за  физиотерапевтски техничар по 34 ученици, по една паралелека.

Текстилно – кожарска струка25 ученици, 1 паралелка и ќе се соработува со компаниите за поквалитетно изучвање на оваа струка.

Лични услуги – 68 ученици  во две 2 паралелки – една за техничар за козметичка нега и убавина и една за фризер

Шумарско – дрвопреработувачка струка ќе опфати 34 ученици, 1 паралелкa

Геолошко – рударска и металуршка струка ќе опфати  59 ученици во 2 паралелки ,со  зголемен број часови поминати во компанија.

Условите за запишување и критериуммите:

Првото пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до15:00 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 до 17.00 часот и на 25 јуни од 07.00 часот до15.00 часот.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот на огласната табла на училиштето и на училишната интернет страница https://gorcepetrov.mk/.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 28 јуни 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година, на огласната табла на училиштето.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 01 и 02 јули 2024 година до15:00 часот.

Доставувањето напотребената документација до училиштата е на 01 јули од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до15.00 часот.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот на огласната табла на училиштето и на https://gorcepetrov.mk/.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 05 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 05 јули 2024 година, на огласната табла на училиштето.

Би можело да ве интересира

ООУ Климент Охридски: Забрана за носење мобилни телефони во училиште

Пела Редакција

Се менуваат подовите и фасадата во ООУ „Блаже Конески„

Елизабета Филипоска

(Видео) Невообичаена театарска претстава со актери – воспитувачки во градинката „Наша иднина„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе