7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Претставата „Бура“ вечерва на репертоар на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Вечерва 5 јуни (20 ч.), претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир,  премиерно ќе биде изведена, во театарот „Војдан Чернодрински“

Ако имаме среќа да живееме доволно долго, преживуваме бури; се вљубуваме; изневеруваме или сме изневерени; вршиме или трпиме насилство – вербално, психичко или емоционално; претрпуваме загуба; се прашуваме што нè чека; се смееме со пријателите; се каеме за грешките и чекориме кон неизвесната иднина. Бурата го содржи сето ова и уште повеќе“, вели режисерот Џон Блондел во најавата за претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир.

Блондел посочува и дека претставата е филозофија на животот.

„Барем Шекспир ја нуди како таква преку своето алтер его – волшебникот Просперо. И обајцата се слика на другиот: уметници што стареат и прават некаков ред во својот живот, движејќи се низ своето последно поглавје. За Шекспир, преку волшебникот Просперо, тајната на животот е да се запамети, а потоа да се прости. Иако првичната намера, можеби, била да се одмазди (тоа не е сосема јасно во текстот), Просперо наскоро открива дека мора да си прости себеси, а потоа да им прости на другите. Тоа е прекрасна драма, дива и трогателна, која иако е многу стара, истовремено е многу модерна. Како што вели големиот романски режисер Ливиу Чулеј: ‘Класиката е класика затоа што е модерна’. Неизмерно уживав во работата на оваа претстава, со овие прекрасни луѓе во Прилеп“ потенцира Блондел.

Во претставата играат: Игор Трпчески, како Просперо, вистинскиот војвода од Милано; Ангела Наумоска ја толкува улогата на Миранда, ќерка му; Даниела Иваноска е Ариел, дух, ветроштина; Наташа Ачански-Калибан – роб на Просперо, а дел од актерскиот тим се и Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа и Ана Митоска.

Претставата е дел од годишната програма на Театарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Во ликовната галерија на Цепенков прва самостојна изложба на прилепчанката Анита Сот

Гордана Цветаноска

Минијатурните селски ќуќички на Емил Димоски за прв пат изложени во Турција

Елизабета Филипоска

Концерт на кој ќе посакате да присуствувате за да ги чуете Чајковски, Рахманинов, Чилеа…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе