30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Натпревари, изложби, средби – 80 години ЈОУ Градска библиотека Борка Талески

Со низа настани, натпревари, изложби, средби и оддавање почит започнува одбележувањето 80 години ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп. Богатата програма по тој повод е започната, а вторник ќе биде доделувањето на благодарници и дипломи за најдобрите ученици и ментори за рецитирање, творење и краснопис.
16.12.2025 год. (вторник) 18:00ч.

Доделување на благодарници и дипломи за најдобрите ученици и нивни ментори на традиционалните конкурси:

-најдобар рецитатор (основни и средни училишта)

-најдобра лична творба (основни и средни училишта)

-најдобар краснопис (основни училишта)

Најдобрите ученици ќе добијат награди и бесплатно членство за следната година.

17.12.2025 год. (среда) 12:00 ч.

Средба со членовите на Клубот на литературни творци од Прилеп

-врачување Благодарница за долгогодишната соработка со оваа целна група на библиотеката,

-изложба на зборникот „Поетско Маркукуле“ (чиј издавач многу години беше библиотеката „Борка Талеска“) и на Зборник со песни од прилепските автори- Прилеп

22.12.2025 год. (понеделник) 12.00ч.

Сеќавање – кон ликот и делото на патронот Борка Талески

-Полагање свежо свеќе пред бистата на Борка Талески во установата и во Алејата на народните херои, како и пред споменикот во месноста Чашка-каде што во 1942 година од заседа се убиени Борка Талески и Лазо Филипоски – Лавски.

-Изложба на дела посветени на народниот херој Борка Талески

-За ликот и делото на патронот Борка Талески – историчар Горјан Василески

-Благодарници на најдобрите читатели во одделите за деца и возрасни (книги и бесплатно членство за следната година)

-Благодарница на донаторите на книги од семејните библиотеки на

Мери Чкрипеска и Фанче Думбалоска.

26.12.2025 год. (петок) во 12:00 ч.

Завршен настан. Библиотеката за своите читатели и сограѓани ќе ги отвори сите поставки:

– Изложба на ретки книги;

– Изложба на дела од издавачката дејност на библиотека;

– Изложба на трајната поставка на уметнички дела од прилепските автори, збогатена со бистата на Коле Чашуле (донација од неговата сопруга Јелена Лужина) и дела од покојниот скулптор-педагог Митко Филипоски, кој својот легат го подари на библиотеката;

– Изложба на трајна поставка со каширани фотографии со репрезентите на прилепскиот еснаф – занаетчитиите и

– Изложба на реквизити од старите занаети

Би можело да ве интересира

Изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“

Успение на Пресвета Богородица, еден од најзначајните празници посветени на Мајката Божја

Можно е да се врати евтината струја два часа денски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе