На денешниот отчетен Конгрес на СДСМ биле анализирани изборните резултати на претседателските и парламентарните избори 2024 година, врз основа на подготвен извештај. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ја образложил неговата одлука за повлекување од функцијата.
Поради обемниот материјал на Извештајот кој опфаќа политички, оперативен и аналитички дел, општинските организации на СДСМ побарале време за да го анализираат, да се произнесат и да дадат свој придонес, на ниво на општински изборни штабови и на ниво на општински организации .
Предлогот бил прифатен од мнозинството присутни делегати, со што се одлучило Конгресот да прекине со работа и да им се даде време на општинските организации да го анализираат Извештајот и да се произнесат со забелешки, сугестии и заклучоци.
Конгресот е одложен, а телата и органите на партијата ќе информираат за датумот за негово продолжување.