16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Вонредна временска прогноза не’ очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска, четврток, во ноќните часови и утре,петок, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, соопшти УХМР. 

Нестабилноста од вечерва ќе продолжи и утре претпладне, времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи , локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд , силен ветер и услови за појава на град.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи .

Би можело да ве интересира

Дали на оваа држава и’ требаат локални новинари и медиуми?

20 години од масакрот кај Карпалак – чествувањето започнува од денеска

Боево гаѓање деновиве во прилепско, битолско, демирхисарско…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе