7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вечерва прва претстава од независна продукција на МТФ „Војдан Чернодрински“во официјалната конкуренција

Вечерва, на програмата е претставата „Ужегнатост“ во продукција на „Артопија“ која ќе се прикаже со почеток во 19:30 часот на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Ова е прва претстава која е од независна продукција, а влегува во официјална конкуренција на реномираниот театарски фестивал.
„Ужегнатост“ е во режија на Владимир Милчин, а е трета претстава на „Артопија“ во нивното двегодишно постоење.Претставата зборува за повторливоста на политичките режими одржувани од „носачите на путер” кои извршувајќи бесмислени наредби се дават и себеси и целото општество во устојаност, корумпираност и слепило. Иако Иван Вискочил овој текст го има напишано пред многу години во Чешка, изгледа како да е напишан денес во Улогите ги толкуваат Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Мартин Јорданоски. Сценографија е на Крсте С. Џидров, а костимографија ја изработија Марија Пупучевска и Бранкица Јордановска.

На програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ синоќа беа се двете претстави во официјалната конкуренција и тоа: „Тоалет за дами“ според делото на Родолфо Сантана, во режија на Деан Дамјановски од велешкиот театар што се прикажа на сцената на театарот Војдан Чернодрински и претставата „Лет над кукавичјото гнездо“ од Драмскиот театар Скопје, во режија на Ристо Алексовски на сцената на Центарот за култура Марко Цепенков.

Во рамките на придружната програма се одржа промоција на театарска литература во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков.
Утре завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Би можело да ве интересира

Вечер на унгарски танци

Пела Редакција

„Слатки соништа“ на Пиловски ќе ја претставува Македонија на хрватскиот филмски фестивал

Гордана Цветаноска

„Медена земја“ во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе