16.5 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Завршен настан од конкурсот „Кој не сака пролет?“во чест на 110 год. од раѓањето на Волче Наумчески

Во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, на 24 март, во вторник од 12.00  часот ќе бидат прогласени авторите на најдобрите детски творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“ кој го распиша Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп во чест на 110 годишнината од раѓањето на поетот Волче Наумчески.

На конкурсот распишан токму на денот на раѓањето на Наумчески, а именуван по стих од неговата  песна  „Убавина“, пристигнале педесетина творби на слободна тема на ученици  од општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени, а  избрани се шест најдобри творби во две категории, за ученици од 3 до 5 одделение и за ученици од 6 до 9 одделение.

Изборот на најдобрите песни, го направи поетесата Вера Андон, која  ќе допатува во Прилеп и пред да се соопштат наградите, ќе одржи литературна средба со учениците од споменатите општини.  Наградените учесници ќе добијат дипломи, книги и аудио записи на нивните наградени творби, во интерпретација на поетесата Вера Андон.  Подготвени се дипломи и за менторите на наградените ученици, а сите учесници на конкурсот ќе добијат благодарници.

Наумчески е роден во Прилеп, на 18 јануари 1916, а починал во Скопје, на 20  март 1980 година. Тој е автор на првата стихозбирка целосно испечатена на македонски јазик во предвоена Југославија. Станува збор за стихозбирката „Иди пролет“ испечатена во Битола, во 1939 година.  Објавил неколку стихозбирки за возрасни и за деца меѓу кои „Пролетни желби“, „Виорно време“, „Седумдесет цветови“ и други. Стихозбирката „Седумдесет цветови“ долго време била лектирно издание за учениците во основните училишта во Македонија.

Би можело да ве интересира

Европска недела за превенција од рак на грлото на матката

Прилеп одбележа 122 години од смртта на Гоце Делчев и 113 години од смртта на Пере Тошев

Промоција на монографија „Старите занаети во Прилеп“ и изложба посветена на прилепските занаетчии

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе