Како и насекаде во земјава така и во Прилеп стартуваше првото пријавување за упис во средните училипта а ќе трае до 25 јуни.Деветтоодделенците ќе имаат можност да избираат каде да се запишат , односно кои струки и профили да ги одберат за своето идно образование.Пријавувањето на учениците се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни, да се испечати и да се достави до училиштата со останатите потребни документи согласно конкурсните рокови од Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Република Македонија.Пополнетата електронска пријава од страна на учениците може да се генерира со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги. Истата може да се повлече преку порталот за е-услуги на МОН, преку печатење со сивото копче печати во сегментот МОИ АПЛИКАЦИИ на порталот – по отварање на електронската пријава на ученикот.