0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Во организација на Slow food Прилеп денеска, сабота, се одржа пазарче на платото на Градската саат кула во центарот на Прилеп, за прв пат во летен период. Дваесетина локални производители од Прилеп и од цела Македонија ги изложија своите продукти за дегустација и купопродажба. Првите преработки од годинешното производство на сирупи, намази, сокови, алкохолни производи: вино, ракија, ликери со разни вкусови…Домашно подготвена козметика, сапуни, надалеку познатиот прилепски мед и други пчелни производи…

Од кичевско и денеска имаше керамички производи тави, бардиња, грнчиња…се’ од керамика, традиционално дизејнирани и практични за употреба, а за љубителите на млечните производи: бело и биено кравјо и козјо сирење, кашкавал од под пелистерските села, преработки од месо… Членовите на Slow food не мируваат, тие со љубов и задоволство ги презентираа своите креации дури и на температури од над 35 степени целзиусови.

Би можело да ве интересира

Кликни на телефон и предложи идеи „што им треба на младите во Прилеп?!„

Елизабета Филипоска

Последни подготовки за старт на откупот на тутунот

Гордана Цветаноска

Општина Прилеп набави 600 таблети и 230 компјутери за основните прилепски училишта

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе