7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Лукароска: Без предрасуди за машкото здравје – со превенција и поголема грижа

Искрен разговор со Петра Лукароска, мајка, сопруга, жена, на чело на Здружението кое што го носи името на нејзиниот син Филип Лукароски-младото момче, маратонец, студент на архитектура кој за жал минатата година ја загуби битката во борбата со канцер. Во спомен на Филип, пораката за превенција и поголема грижа за машкото здравје е уште посилна. Здружението за неполна година одржа повеќе трибини во Прилеп и во другите градови во Македонија,  а неодамна издаде прирачник за машко здравје „Фокусирај се на себе, за себе“ кој што наиде на голем интерес кај јавноста.

Во месецот јуни посветен на машкото здравје, во програмата „Радио што се гледа“ разговаравме со Петра Лукароска  претседателка на Здружението за унапредување на здравјето „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ за тоа:

  • Кои се искуствата кои што организацијата ги има  во досегашните активности;
  • Колку мажите се искрени и отворени кога станува збор за здравјето;
  • Како може да се прекине практиката за потиснување на прашањата кои се однесуваат на одредени здравствени проблеми кај машката популација;
  • Што може институциите, а што граѓанските организации да направат да се поткрене нивото на јавната свест кога станува збор за превенција и грижа за машкото здравје;

Би можело да ве интересира

Хуманост во услови на пандемија – прилепчани даруваа крв

Гордана Цветаноска

Крушевчани ќе ја подобруваат хигиената околу вештачкото езеро

Елизабета Филипоска

Во Грција сега влез само со пасош- белите ливчиња во заборав

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе