12.3 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Прва фаза ларвицидна дезинсекција на територија на општина Прилеп

Во деновите среда 03.07 и четврток 04.07,  во периодот од  7 до 13 часот, екипа на Центарот за јавно здравје-Прилеп, ќе ја спроведува првата фаза од ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци:

„Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини т.е места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течението на Градска река, делови од Дабички канал, Селечка река, област Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Беровци, Кадино Село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Славеј, Мало и Големо Коњари.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер и дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден,“ стои во известувањето од Центар за јавно здравје Прилеп.

Би можело да ве интересира

Проблемот на Прилеп е во лошата бизнис клима и нискиот животен стандард, сметаат граѓаните

Прилеп го одбележа 2 Август – Денот на републиката

Гордана Цветаноска

Од неколку селски чешми водата не е здравствено исправна

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе