Регионалниот ЦУК Битола, информира, според најавата на ЦЈЗ „Прилеп“, дека од утре, 08 јули до 10 ти јули, во периодот од 22.00 до 05.05 часот на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведува прва фаза од дезинсекција со цел уништување на комарци.
Со дезинсекцијата, освен градот Прилеп, ќе бидат опфатени населените места: Ореовец , Лениште , Селце , Лагово , Беровци , Кадино Село , Галичани , Тополчани , Ерековци , Канатларци , Чепигово , Тројкрсти , Мажучиште и Мало и Големо Коњари.
Се информираат пчеларите да ги заштитат нивните пчели во Прилепско каде што ќе се прска против комарци.