29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Започнува чествувањето за Крапалак

Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечерва од 18 часот ќе почне одбележувањето на 24-годишнината од загинувањето на 10 прилепски бранители. На 8 август 2001 година, конвојот на АРМ беше нападнат кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово кога беа убиени 10 воени резервисти од прилепската касарна.

Делегации од Општина Прилеп, претставници на семејствата на загинатите, делагација од АРМ, политички партии и граѓански здруженија  ќе положат свежи цвеќиња и ќе им оддадат почит на загинатите пред спомен обележјето во касарната  и спомен плочата кај с.Лениште, а во манастирот „Света Петка“ ќе се одржи вечерна богослужба.

 

 

Со ова почнуваат годинашните оддбележувања на  24-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак. Централното чествување ќе биде утре, од 13 часот пред споменикот „Прилепски бранители“  во центарот на Прилеп. Со тоа Прилеп ќе им одаде почит на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски и на Пеце Секулоски.

Утре изутрина ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите во Прилеп и во населените места, а делегациии од МОРМ и ГШ,со преставници од здружнија, општински делегации од Прилеп и преставници од семејствата на загинатите ќе го посетат и местото на крвавиот настана , месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово,  каде во заседа на армискиот прилепски конвој беа убиени 10 воени резервисти од прилепската касарна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Втор собир на земјоделци во Прилеп: Аграрот не може да опстане без финансиската поддршка од државата

ЗНМ:Медумите при известувањето за COVID-19 да не создаваат паника. Граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми

(ВИДЕО) ЧУДО! Пожарот “дојде„ до црквата Св. Петка и застана, наоколу се пеплоса, но не и ова место

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе