Секторот за внатрешни работи Битола, под чија надлежност е и ОВР Прилеп со известување до граѓаните од регионов во врска со подигнување на готовите патни исправи:
Се известуваат граѓаните на подрачјето на Битола дека Управните служби при СВР Битола ќе работат на 13.07.2024 (сабота), со работно време од 08.00 до 16.00 часот, за подигнување на готови лични документи (лични карти, патни исправи и возачки дозволи), а граѓаните истото можат да го направат и секој работен ден, во периодот од 08.00 до 19.30 часот.
Воедно, ги известуваме граѓаните кои се сликани за патна исправа до 06.06.2024 година, да ги подигнат готовите документи, стои во известувањето од СВР Битола.