25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Со таблици во боја ќе се препознаваат службените возила

За да нема злоупотреби, најдоцна до 15 септември годинава, сите државни институции и јавни правни лица, имаат обврска да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Возилата на јавните служби почнаа да добиваат специјални црвени регистарски таблички.

Според властите, ова е направено за граѓаните полесно да можат да пријават злоупотреби доколку официјалните возила се користат надвор од работното време или за партиски цели ,иако ова засега  не е законска обврска, барем до измените на законот.

Некои од возилата на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност ќе бидат изземени, информираше директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Во Македонија има меѓу 7.000 и 7.500 службени возила, но точниот број не е познат бидејќи не постои единствен регистар. Новото правило ги опфаќа сите државни возила – од владините и општинските до оние на јавните претпријатија

Би можело да ве интересира

Крушевчани со акцијата: „Донирај го својот стар компјутер“

Започнаа разговорите за откупната цена на јачменот и пченицата

Општината апелира, граѓаните уште погласни: Тротоарите да се ослободат од хаварисани возила

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе