-0.7 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

(Видео) Министерот Борко Ристовски: Универзална сала до есен ќе функционира, а министерството ќе служи како пријател на сите спортови и спортски работници

По иницијативата на спортските работници и Општина Прилеп, да се стават во функција двете спортски професионални сали: Универзална и Македонија, денеска  во посета на Прилеп, со цел да ја разгледа состојбата во двата значајни спортски инфраструктурни објекти во Прилеп кои времето ги уништува, дојде Министерот за спорт, Борко Ристовски.

Разгледувајќи ја Универзална сала со својот тим, министерот изјави дека во најбрз можен рок ќе биде ставена во употреба.

Ќе се реновира, обнови, гледам дека нема големи градежни зафати, дека  причините  за нејзиното досегашно нефункционирање било повеќе од политичка природа,  затоа под итно ќе се отстранат имотно – правните пречки и ќе бидат анулирани сите градежни недостатоците на салата, со цел оваа спортска сала да функционира. И, сметам дека до почетокот на натпреварувачката сезона, септември/октомври, Прилеп и спортските клубови во Прилеп ќе имаат една функционална сала„-  најави Министерот за спорт, Борко Ристовски.

Тој потенцира дека министерството  ќе служи  како пријател на сите спортови и спортски работници, во кое политиката ќе биде анулирана.

Што се однесува до салата Македонија, министерот рече дека ќе бидат проверени договорите за закупнина на таа салата (која засега е во сопственост на Агенцијата за стопанисување со спортски објекти и е земена од концесионер)  и, дека во иднина спортски објекти ќе бидат под ингеренции на неговото министерство, вклучително и салата Македонија.

„Нема да дозволиме било кој да стопанисува со спортските објекти. Ќе правиме анализа кој ги добива тие објекти и како ги добива? Дали правилно и законски стопанисува со нив? И, најважно од се’, дали спортските клубови и спортските работници се задоволни од начинот на стопанисување на концесионерот? Доколку утврдиме дека и во салата “Македонија“ во Прилеп, концесионерот не стопанисува во интерес на спортот, ќе постапиме кон раскинување на договорот„ – рече министерот за спорт, Ристовски.

Ова е прв министер од новата Влада што  го посетил Прилеп и со кој локалната власт дискутираше за итно решавање на еден од горливите проблеми кои со децении го тишти градот – недостиг на професионална спортска сала за одржување на квалитетни спортски натпревари.

Поддршката за оваа иницијатива, отворање на професионалните спортски сали, ја дадоа и прилепските пратеници, кои беа присутни на денешната работна посета на Министерот за спорт и ветија дека ќе помогнат во рамките на нивните ингеренции, Универзална сала и сала Македонија да им биде вратена на спортистите и публиката.

На средбата во Униврзална сала, каде главно го помина својот рабтен век, како репортер, пристигна и човекот кој има илјадници новинраски прилози за случувањата во сите прилепски спортови, вклучително и ракометот, пензионираниот спортскиот хроничар, Миле Талески, кој на министерот му ја подари својата книга, издадена пред две децении “Монографија за прилепскиот ракометен клуб Тут-Ком“.

Инаку, Универзалната сала – Тутутнски комбинат, е изградена во далечната 1973 година, најпрвин предивдена за магацински простор за потребите на тутунската индустрија, но веднаш пренаменета за спортска сала.ж, во која први во неа се „населиле“ ракометарите, па потоа биле монтирани трибините за публиката.

Салата Македонија е изградена 1978 година, (8 сепетември пуштена во употреба ).Во неа се одржуваа музички концети, национални првенства во различни спортови од тогашните ЈУ простори.  Еднаш опожарена до темел (12 Јуни 1993) ,  оттогаш никогаш доволно функционална, со многу обиди, тешкотии и проблеми; останува како нем споменик за некогашните дострели на спортисите и љубителите на спортот кои уживале во врвни спортски манифестации.

 

 

Би можело да ве интересира

Водата не е исправна за пиење од 3 јавни чешми

Прилеп ќе добие мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот

Елизабета Филипоска

5 нови случаи на КОВИД-19 во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе