7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Каде одлучија да учат прилепските полуматуранти?! – Сите на „медицина“ и во Гимназија!-

Околу 900-ни прилепски полуматурани, (вклучувајќи ги и полуматурантите од околните општини, Долнени и Кривогаштани) вчера и денеска одлучуваа каде ќе го продолжат своето образование. Полуматурантите на располагање имаат пет јавни средни школи, како и гимназиско и стручно училиште во Крушево, „Наум Наумоски –Борче“. Според конкурсот отворени се места за прием на 1.800 ученици, но бројот ќе биде далеку помал, со оглед на вкупната бројка на полуматуранти кои завршуваат основно училиште.

Од училиштата велат главно се задоволни од привот уписен рок, но,не сите.

Во СОУ „Ѓорче Петров“ најголемиот интерес е за медицинската струка, така што бројката на пријавени полуматуранти, „ја надмина дури  и предвидената“ – велат од таму.

„Уште во вчерашниот, прв уписен ден, потполнет е профилот за  медицински струки и има пријавени уште за една, трета, паралелка. Медицинската струка предизивика најголем интерес! Во оваа струка можат да се запишат ученици со минимум 70 бодови, но со оглед на големиот интерес останува МОН, да изврши рангирање. Потоа, дали учениците ќе ги одберат другите профили од нашето учииште или ќе одберат друго средно училиште останува на нив„  -истакна диеркторот СОУ „Ѓорче Петров“, Страшо Ѓорѓиоски. Инаку, во ова училиште во прва година според конкурсот, треба да се запишат 340 ученици, во 10 паралелки во сите струки .

Гимназијата секогаш останува атрактивна, па и оваа годоина, но и т.н индустриско училиште, годинава „ги собира“ полумаурантите. Така нареченото „економско“ училиште  и т.н „хемиско“ училиште во Прилеп,  во првиот уписен рок,  не го привлекоа многу вниманието на прилепските полуматуранти, па бројот на запишани ученици, во првиот уписен рок, е под очекувањата.

Вратите за запишување на ученици во учебната 2018/2019 година во СОУ „Наум Наумоски Борче“ , од Крушево беа отворени за 204 ученици, во 6 паралелки, за гимназиско образование и стручно- угостителско. Но,бројката на запишани до објавувањето на текстот не успеавме да ја добиеме.

Како и да е, резултатите од уписите ќе бидат објавени, утре 20 јуни. Според искуството од минатите години, во првиот уписен рок, остануваат места во сите прилепски средни училишта. Следното пријавување во јунскиот рок, е за 10 дена.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Музичкото училиште “О.Михалоски- Оцка“и ООУ „Г. Делчев“ ги одбележа патрон празниците

Елизабета Филипоска

Промени и предизвици во спроведувањето на инклузивното образование

Пела Редакција

Со сликотворби прилепските градинки „Наша иднина“ ја одбележаа Светската недела на детето и Денот на учителите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе