24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

„ТАНЕЦ„ пред Прилепчани

Ансамблот за народни песни и игри „Танец„ четврток 21 јуни, 20.00 часот големата сала од ЦК„Марко Цепенков“во Прилеп ќе се претстави со целовечерен концерт. Ансамблот за народни песни и игри „Танец„ преставува  душата на Македонија и симбол на македонската култура и уметност повеќе од шест децении,.

Публиката ќе има ретка  можност да  присуствува на едно убаво музичко доживување, со богатството на македонскиот фолклор, традиција и култура.

 “Танец” е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. За успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија, а има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу осум милиони гледачи.

-Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето – велат од Танец.

Би можело да ве интересира

НАГРАДАТА „ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ ВО РАЦЕТЕ НА ВРВНИ МАКЕДОНСКИ АКАДЕМИЦИ, ИСТРАЖУВАЧИ И АФИРМАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ

Пела Редакција

Во организација на ДНУ предавање на проф. д-р Зоран Крстевски во Прилеп

„Од колено на колено“ вечерва во „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе