Жените од политичката партија на ОК на Унија на Жени -Прилеп, денеска спроведоа акција за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, а во склоп на акцијата поделија и вода за сите оние кои ова утро пристапија на штандот за да ги проверат своите здравствени параметри..
Жешкото време, високите температурата на воздухот и променливиот воздушен притисок се причина за здравстгвени проблеми кај населението.Тоа е и основа н аакцијата велат од ОК на Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Лекарите препорачуваат,поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи.
– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почест одмор под сенка.
– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.
– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мaсна храна.
– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
– Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари, препорачуваат лекарите .