0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Поради пожарите и топлотниот бран Владата прогласи кризна состојба на целата територија

Владата донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена.

– Владата на Република Македонија, како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите донесе одлука за постоење на кризна состојба. Периодот на постоење на кризна состојба на целата територија на државата е во траење од 30 дена. – соопшти Владата.

Од синоќешните 21 се уште активни , во моментов активни уште седум (7 ) пожари во државава: во општина Неготино, општина Ново село, општина Гевгелија, Конче, Чашка, атарот на с. Долнени, во Општина Долнени и на подрачјето на општина Штип.

Најопасен е пожарот на Огражден непосредно на границата со Бугарија. По предлог на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, синоќа владата прогласи кризна состојба за пожарите во траење од триесет дена. Со тоа дел од министерствата добија и конкретни задолженија.

Министерството за внатрешни работи да ангажира полициски сили за поддршка при гаснењето на пожарите. Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба. Министерството за финансии да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа се покаже потреба.

Наредните 7 дена се најавуваат пеколни температури со над 40 степени, што значително ќе придонесе за зголемување на бројот на пожари.

Би можело да ве интересира

Најавени прекини во снабдување со струја во Прилеп

Пела Редакција

Седмица со нови 274 сличаи на КОВИД 19, а 11 починати

Елизабета Филипоска

Постхумно промовирана книгата „Чест и вест“ од бардот на македонското новинарство Тачко Локвенец

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе