14.9 C
Прилеп
сабота, 21 септември, 2024
Пела Радио

Отворена оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите

Во Mинистерството за внатрешни работи денеска се одржал координативен состанок на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР, на кој, тема било целокупната состојба со пожарите кои ја зафатија Македонија, активностите што ги презема МВР заедно со другите институции за нивно гасење и активностите за превенција од настанување на нови пожари.

„На состанокот е донесен заклучок за целосно мобилизирање на сите расположливи човечки и технички ресурси на МВР под оперативна акција „Пожар 2024“. Со оваа оперативна акција сите материјално-технички средства со кои располага МВР, ќе бидат ставени во функција на справување со пожарите. Секторите за внатрешни работи како регионални единици на МВР ќе бидат постојано на терен со зголемено присуство и тесно ќе соработуваат со останатите сектори како Одделот за специјални полициски операции, Одделот за воздухопловни единици, Одделот за гранични работи и миграција, Крим полицијата и други оддели при Бирото за јавна безбедност. Присуството на полицијата на терен ќе биде зголемено. Постојат индиции дека дел од пожарите се подметнати и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за расчистување на случаите и санкционирање на сторителите.
Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа. Исто така, ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.
Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми, “ стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Викенд забрана за движење од 16,оо ч до 05,оо. Како ќе работат компаниите во втора смена?!

Елизабета Филипоска

Силјаноска Давкова: горда сум на Прилеп, а наскоро ќе се слават 80 години од АСНОМ, од Ченто

Пела Редакција

Борче Јовчески и официјално градоначалник на Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе