20.5 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Зимата пристигна, денеска е краткоденица, сонцестој – најкраткиот ден од годината

Денеска е сонцестој, краткоденица, најкраткиот ден во годината. Денот во Македонија ќе трае 8 часа и 55 минути. Сонцето ќе зајде во 16 часот, по што ќе почне најдолгата ноќ.

Вечерва, 21 декември 2025 година, во 22 часот и 3 минути по средноевропско време ќе настапи зимскиот солстициј, моментот кога Сонцето е на својата најниска позиција на хоризонтот и кога на северната хемисфера календарски ќе почне зимата. Метеоролошката зима почна на 1 декември.Северниот пол денеска е најдалеку од Сонцето, а јужниот пол е најблиску. На јужната Земјина полутопка денеска ќе почне летото.

Од утре денот ќе почне да се зголемува до летната долгоденица, на 21 јуни, 2026 година, кога ќе почне летото.

И покрај тоа што светлината од утре ќе почне да се зголемува, најстудениот период допрва следи, поради таканаречената „термална инерција“, односно, Земјата бавно се лади и бавно се загрева.

Што се однесува до временската состојба се очекува стабилно и тивко време деновиве кое ќе се задржи до вторник, со појава на магла и зголемена облачност во одделни котлини. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините и на повисоките места врнежите повремено ќе преминуваат во снег

Би можело да ве интересира

Регионалниот пункт во Прилеп е подготвен, се чекаат вакцините

Утре (четврток) без струја институциите: УЈП-Прилеп, Централен Регистар-Прилеп, Подрачна единица на ФЗОМ…

Пела Редакција

Владата прогласи кризна состојба

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе