Пишува: Кјара Кондоска
Што е модерно ова лето и која нијанска на боја е тренд. Но важно е и тоа, костата во лето да се миеа со благи шампони наменети за секојдневна употреба . Косата е чувствителна на УВ зраците, кое ова лето, во овие денови, е прилично високо. Важно и тоа кога се враќаме од море да се скрати косата, бидејќи е оштетена од сонцето и морската сол. Поради тоа, најдобро е да се започне на време со негата и безгрижно уживајте во летниот период, препорачува професионалниот прилепски фризер, Лубица Бубе Димитриоска во интервју со нашиот практикант Кјара Кондоска
ЗА ВАС! Следете ги информациите и на интернет радиото од РАДИО ПЕЛА https://live.mkdstream.com/public/radiope секој работен ден за најновите случувања од Пелагонија во ударните вести „Пелагониска хроника“ во 16,30 часот
ВЕСТИ: 6,30, 09,00 , 14,30 ,16,30, 19,30



* Летно осветлуване. Ако преферирате малку посветли тонови, тогаш треба да знаете се за трендот на косата „летно осветлуване”. Според колористот Чон Алфред, трендот ке биде огромен . „Оваа фризура е за осветлуване на оние области на косата каде сончевата светлина природно би го направила тоа”, вели тој. Резултатите се суптилни, но ако се направат добро, тие можат да бидат ефективни. Станува збор за стратешки поставени посветли точки кои ке го освежат вашиот целокупен изглед. Ова може да се постигне со помош на фолии или боење со слободна рака, во зависност од посакуваните резултати.
Испуканите врвови уште повеке се оштетуваат поради влијанието на сонцето и солта, па кога ке се вратите ке морате да ја скратите косата повеке отколку што сте замислувале. Предлог: Две седмици пред да одите на море, скратете ја косата и заминете на одмор со здрава коса. Збогатете ја исхраната со здрави намирници богати со омега 3 масните киселини.Bo храната додадете повеке риба, jајца, спанак,ленено масло и чиа семки. На тој начин ке jа нахраните. Миете jа косата секој ден или секој втор ден,бидејќи за време на топлите денови, коренот се повеке поти. Важно е да ја миете косата со благи шампони наменети за секојдневна употреба, односно одберете шампон со арганово масло.