29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

23 Карневал „Прочка“ во Прилеп (ФОТО-ГАЛЕРИЈА)

Прости ми! Простено да ти е! Прости ми! Простено да ти е! Прости ми! Простено да ти е и од мене и од Бога!

Вака, со овие реченици почнува одбележувањето на христијанскиот празник Прочка или Велики поклади. Со трепеза за која се варат јајца и се меси кора, заради верувањето во легендата дека на овој ден умрело дете за кора,  и со амкање на јајце, се одбележува овој празник кој на некој начин е меѓник меѓу зимата и пролетта. Токму затоа се верува дека со „преправањето“ односно маскирањето, страшните маски всушност го бркаат ѓаволот и ја бркаат зимата, најавувајќи ги пролетта и сонцето.

По тој повод, по 23 пат во Прилеп се одржа Карневалот  Прочка-2025. Покрај студеното и врнежливо време кое е вообичаено за овој период од годината, карневалската поворка,  започна во 12.00 часот со дефиле на маски и настап на жонглери, агробати, кловнови и куклари.  Ви пренесуваме дел од атмосферата преку фотографии.

 

 

Би можело да ве интересира

За 1 522 денари „пораснала“ минималната синдикална кошничка за март

ЈКП Комуналец: Март го посветуваме на зелен и чист Прилеп

Одбележувањето на 64 години од смртта на Методија Андонов Ченто остана незабележано во неговиот роден град

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе