0.8 C
Прилеп
понеделник, 30 декември, 2024
Пела Радио

Сребро за Петар Мирчевски на Олимпијадата по хемија

Скромното и талентирано момче Петар Мирчевски од гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп продолжува да реди успеси во неговиот омилен предмет – хемија. Тој денеска освои сребрен медал на 56. Меѓународна олимпијада по хемија која се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Со бронзен медал се враќа во Македонија и Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип.  Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски од „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар.

Петар Мирчевски заврши трета година во Гимназијата Мирче Ацев, тој лани освои бронза на Меѓународната Олимпијада по хемија во Цирих, Швајцарија.

Ментори на нашиот тим се професорите д-р Миха Буклески и д-р Марина Стефова од Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија кои го организираат нашето учество.

За Олимпијадата во Ријад тимот замина со потешкотии бидејќи авиобилетите ги купиле во последен момент со позајмени пари и делумно со донации. Ако не се обезбедат средства, трошокот ќе мора да го сносат учениците. Законот за средно образование не предвидува пари за оваа намена, иако МОН доделува акредитации за натпреварите.

 

Би можело да ве интересира

МЗШВ донесе забрана за вршење на рекреативен риболов

Гордана Цветаноска

Тутунски Комбинат Прилеп меѓу најстарите европски компании

Гордана Цветаноска

Прилеп во чест на 11 ти Октомври (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе