Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта спасен бил манастирот Архангел Михаил. Силниот ветер и непристапниот терен ги засилиле пламените јазици. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат, има доволен број на луѓе на терен, а воздушна поддршка засега не е потребна, информираат од ЦУК.
ТППЕ Прилеп со натчовечки напори цела ноќ се бореа со пламените јазици. Два краци се издвоиле кон манастирите Архангел Михаил и кон Трескавец:
„Пожарот започна околу 16 и 30 часот над селото Дабница во близина на споменикот. Екипите на ТППЕ Прилеп со помош на локалното население кои не упатуваа на непрестапниот терен до 9 часот утринава успеаја во најголем дел да го изгаснат пожарот. Ноќеска со помош на ветрот кој дуваше од северен правец огнот опасно се приближи и до манастирот Свети Архангел Михаил во населбата Варош. Зафатена е територија од околу 100 хектари со трева на територија на месноста Дабница Зеленик, Заград, Наковална и дел од задната страна на Маркукуле. Во месноста Заград имаше загрозено некои објекти и викендици, но пожарот не дозволивме да дојде до населбата Тризла, вели Виктор Стојчески, заменик командир на ТППЕ Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески преку својот портпарол апелира граѓаните да внимаваат при движењето на отворено, зашто при пожар се загрозуваат човечки животи и и објекти:
„Апел до граѓаните посебно во пределот каде беше пожарот, да не се однесуваат несовесно, да не ги палат тревите затоа што тоа претставува опасност по населениот од целиот град, не само што може да избувне пожар во куќите во близина, туку и се загадува воздухот,“ вели Христијан Тунески од Општина Прилеп.
Ни времето не оди во прилог на пожарникарите. Денеска времето ќе сончево и топло со умерен, но засилен ветер од северен правец (над 60 км/час). Максималната температура се движи во интервал од 29 до 38 степени. UV=9
Вчера на територијата на цела држава регистрирани беа 42 пожари на отворено и шумски пожари, од кои 17 се активни, 4 се под контрола, а 21 е изгаснат, информираат од ЦУК