1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

ПРИЛЕП ПО ПОВОД ИЛИНДЕН ИМ СЕ ПОКЛОНИ НА ХЕРОИТЕ

Со поклон и свежи цвеќиња,  пред гробот на Ченто, Ѓорче Петров, Кузман Јоаифоски Питу, Пере Тошев, пред вечното почивалиште на борците од НОБ, кои ги дале својот живот за слободата на Македонија на Могилата на непобедените, делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, го започна одбележувањето на  Илинден, по повод  121 годишнината од Илинденското востание и првата република на Балканот, Крушевската Република и  по повод 80 години од АСНОМ.

Цвеќе положија им се поклонија на хероите и прилепскот пратеник Дејан Проданоски, заменик министерот за економија, Марјан Ристески, преставници од здруженијата кои се подржувачите на боречката организација, преставници од политички партии…Пред присутните делегации градоначалникот од Прилеп, Јовчески рече:

Денеска, одбележувајќи ја 121 годишнината од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, даваме завет дека ќе ги чуваме и негуваме придобивките од Илинден и АСНОМ, бидјеќи на тој начин ја чуваме и македонската држава, македонскиот јазик, традицијата и историјата. Денес, како генерации имаме и нов историски предизвик, но, и обврска кон идните генерации, да создадеме национално достоинствена и меѓународно почитувана Република Македонија, која ќе чекори напред кон економски, европски и демократски развој„– истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, честитајќи им го Илинден и Денот на Републиката на сите граѓани.

Потоа дел од прилепските делегација се уптатија не чествувањто на Илинден во Крушево, Смилево и Трново.

 

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Парковската површина на Могила облагородена со нови садници

Елизабета Филипоска

Тешко повреден велосипедист по судир со патничко возило

Пела Редакција

Локалното новинарство во Прилеп „на колена“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе