18.5 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Облаци од чад, нестабилност и можно невреме

Облак од чад, прашина, силен ветер, и по некоја капка дожд  денеска го зафати регионот на прилепска Пелагонија. На територија на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево не се регистрирани активни пожари, но облак од густ чад се чувствуваше во полето, што создаде вознемиреност кај жителите од повеќе села.

 

Според Центарот за управување со кризи во моментов девет пожари се активни, пет се под контрола, додека 26 биле изгаснати. Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари на отворено.

Активни пожари има во општина Македонски Брод измеѓу село Тажево, село Брезника и Кракот кон Јасен, во општина Пробиштип кај селата Зелениград и Јамиште, како и кај селото Долно Барбарево, во општина Пласница помеѓу селото Пласница и селото Латово, во општина Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина, во општина Зелениково измеѓу Смесница, Страхојадица и Градовци, во општина Охрид измеѓу Косел, Волино и Опеница, во општина Студеничани кај селото Вреќица, како и во општина Ново Село кај селото Бадилен.

Според УХМР во попладневните часови се очекува нестабилност со ветер и услови за можно невреме.

 

Би можело да ве интересира

Јунаците од серијата Зоки Поки снимија спот за Риско на Витаминка

Над 600 земјоделци и агро-компании вложиле 2 милиони евра за осигурување на посеви, насади и животни

Гордана Цветаноска

Сомниашоп го прослави првиот роденден

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе