9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Од полициската хроника – физички напади, агресивно однесување, кражба

На 04.08.2024 во 19.20 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.С.(32) од Прилеп затоа што го нарушил јавнито ред и мир со агресивно однесување. Подоцна, Д.С. пријавил дека во 22.35 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп бил физички нападнат од партнерот на неговата поранешна партнерка и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 04.08.2024 на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  го лишиле од слобода С.Т.(40) од Прилеп затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настаот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 05.08.2024 во 01.00 часот од ул. „Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Ц.(34) од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 215 од Кривичниот законик. Од него биле одземени мопед „хамачи”, облека, пакувања со грутчеста материја и монети во различни апоени. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Снегот како инспирација: Охрид во бело, падна дрвo , Плетвар снежен..

Елизабета Филипоска

Локалните и регионални медиуми започнуваат штрајк поради лошатa економска состојба! Во одлуката ги поддржува и (МАН) Македонската асоцијација на новинари

Елизабета Филипоска

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе