На 08.08.2024г. (четврток), на вечерна богослужба и акатист во 17:00 ч. и 09.08.2024 г. петок во 07:00 ч. со Светата Божествена Литургија храмот Св. Кирил и Методиј Прилеп – (ПАРАКЛИС), ќе го прослави патронот и заштитникот на Македонија и македонски народ, свети Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон.
Во поканата до верниците се вели дека на овој ден ќе бидат исложени и моштите на светците:
“Богобојазливо да се поклониме и помолиме на нивните мошти кои престојуваат во нашиот храм и да измолиме мир, здравје и благосостојба за нашите семејства и нашиот град “– стои во поканата од храмот до верниците.
МОШТИТЕ на свети Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ЗА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕКУ ЦЕЛИОТ ДЕН НА 08.08.2024 (четврток) и 09.08.2024 петок.
Храмот е отворен секој ден со работно време од 06:00 ч., до 18:00 ч,стои во соопштението до верниците.