16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Спас за Прилеп-блокада на Заполшки мост, протест пред Општина Прилеп

Граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ за в понеделни, 12 ти август, најавува масовен протест и блокада на сообраќајот од 7 часот кај Заполшки мост на Регионалниот пат Прилеп – Градско. Протестот од 8 часот и 30 минути се сели и продолжува пред општинската зграда во Прилеп.

Жителите на Оревоец, Плетвар, Крстец, Лениште и Маркова чешма и прилепчани бараат дислокација на ископот на мермер за градежен материјал на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д.

„Да кажеме стоп на уништувањето на белите дробови на прилепчани. Да кажеме ДОСТА Е од нов екоцид врз животната средина и природата. Да покажеме дека САКАМЕ да живееме во чиста живтона средина“, стои во известувањето.

 

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии од Матео де Мајда во Прилеп

Општина Крушево по втор пат го добива приматот „Супербрендс“

Уште еден возрасен прилепчанец (66 г.)почина од КОВИД 19. Регистриани 10 нови

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе