1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

(Видео+ фото) Не помина ниту еден ден – Искршена спомен плочата со имињата на загинатите прилепски бранители кај Карпалак

Не помина еден ден , и, повторно е искршена плочата кај месноста Карпалак, на патот Скопје- Тетово, на која вечера беше положувно цвеќе во чест на 10-те загинате прилепски бранители, во конфликтот 2001 година. Ова не е прв пат да се крши спомен плочата на Карпалак , поставена покрај автопатот во чест на загинатите бранители . Беа почит и срам, кон жртвите денеска утрото осаман оваа слика, а граѓаните осудувајќи го овој  чин , на социјалните мрежи,веќе, бараат да се пронајдат и казнат сторителите.   

Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на министерството уште во утринските часови, со цел за преземање на соодветни мерки и идентификување на сторителите.

„Го осудуваме немилиот настан со оштетување на спомен плочата. Веднаш преземавме активности за поставување на нова спомен плоча. Истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок“, велат од Министерството за одбрана.

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека случајот е пријавен и до меѓународната заедница.

 

 

На видеата што се споделени на социјалните мрежи се гледа дека е скршена и фрлена спомен плочата од облежјето кај Карпалак.

pic.twitter.com/a4cf3PPnBX

Кај Карпалак вчера беа одбележани дваесет и три години по убиството на десетте резервисти на македонската Армија. Поранешните бранители и роднини на загинатите упатија низа критики и остри зборови кон властите барајќи подобрување на нивната социјална положба и изградба на достоинствен споменик во чест на загинатите.

Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28 септември минатата година, Владата ги задолжила Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да му бидат доделени на Министерството за одбрана.

На 8-ми август 2001 година кај карпалак беа убиени бранителите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ергоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец превезувал огревно дрво без документација

Пела Редакција

🚗Авто Контрол 10 часот-1ви октомври, 🏍 наградна игра -извлекување 🍀

Пела Редакција

Силен дожд го зафати Прилеп и околината

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе