30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Трагичната сообраќајка во која две лица загинаа, се случила при претекнување

Две лица загубија живот, а петмина се повредени при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока, појаснија синоќа од Јавното обвинителство, во однос на сообраќајната несреќа во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман:

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во несреќата две лица го загубија животот, меѓу кои и возачот на едниот автомобил, додека петмина се повредени, информираа од Обвинителството.

Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите.

-Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата, соопштија од Обвинителството.
Извор и фото: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младински центар – приоритет на младите во Прилеп

За референдумот до ДИК од дијаспората доставени 742 пријави

ЧОВЕШТИНА!!!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе