1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Продолжуваат протестите и блокадите на жителите на Оревоец – власта глува на нивните барања

Денеска,  протестите насловени “Спас за Прилеп“ започнаа повторно со едночасовна блокада, од 7 до 8 часот , на патот Прилеп-Плетвар, кај месноста Заполшки мост, како револт поради ископите на „Бехтел и Енка“ и поради владината одлука за издавање концесија. А,  потоа мирните протести продолжија пред зградата на Општината .

Револтот на жителите е поголем по владината одлука донесена од 24 јули за издавање концесија на „Бехтел и Енка“ за мермер.  Одлуката, велеат прилепчани ,ќе ја оспорат пред Уставниот суд. Оствариа и средба со градоначалникот на Прилеп.

По средбата со градските власти, адвокатот Жаре Стеваноски, кој ја застапуваше групата граѓаи изјавие дека добил ветување дека до четврток , градоначалник на Прилеп,  Борче Јовчески ќе закаже средба со директорот на  ЈП за државни патишта и дека ќе закаже средба со Министерот за животна средина и просторно планирање, па доколку тоа не се случи ќе излези заедно со граѓаните.

Свесен е за состојбата во која се наоѓа локалната самоуправа и можностите кои ги има на раполагање, добивме ветување дека градоначалникот, најдоцна до четврток, ќе организира работен состанок со директорот на ЈП за државни патишта и со нивни претставници, со цел да ги соочиме аргументите „за“ и „против“ отворањето на рудникот во селото Оревоец.  Јас сум повеќе од убеден дека немаше до ова да дојде доколку се одржење состанок со ЈП ДП и со министерот за транспорт и врски, што ние баравме. Дополнително, во поткрепа на нашите аргументи ги имаме наодите на вештите лица кои, буквално укажуваат на опасноста која претстои од сите аспекти, во однос на животната средина и природата, и во однос на изворите и по однос на спротивставеноста на самата одлука со Законот, зашто за село Оревоец во 2022 година е донесен детален урбанистички план, па така и за издадената концесија и оваа одлука е незаконита. Дополнително, одлуката на влада ќеја оспориме пред управниот суд, изјави Стеваноски. “ рече адвокатот Жаре Стеваноски

 Очигледно со издавање на концесита станува збор само за пари, зашто на концесијата јасно стои дека се издава за мермер. А патишта со мермерни плочки не се прават, изајви  Дејан Ачкоски.

„Продолжуваме со барикадите, кај селото Оревоец„ порачаа  прилепечани кои не се откажуваат од својата намера за спас на животната средина и забраната за ископ од страна на компанијата „Бехтел и Енка“ на овој простор.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Во овој потопол период од годината внималетелност од појава на змии

Пела Редакција

Во населбата Жабино маало традиционално чествување на празникот Свети Никола

Пела Редакција

Парите и храната за „Тримири„ донирани – за хуманоста на „Преродба“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе