7.7 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Уапсени четворица прилепчани

На 18.08.2024 во 16.15 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Т.А.(24), З.А.(41), Ш.А.(69) и Џ.А.(34), сите од Прилеп.

Тие се сомничат дека околу 15.30 часот заедно со уште две лица физички го нападнале К.Ф.(38) од Прилеп, неговиот брат А.Ф. и нивната сестра, при што употребиле дрвени и метални предмети. Претходно,  во 14.00 часот и Е.А.(47) од Прилеп пријавил дека околу 09.30 часот, тој и неговиот син Т.А.(24) биле физички нападнати од А.Ф., К.Ф. и С.Ф., сите од Прилеп, кои употребиле тврди предмети. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Издашноста на Студенчица се намалува, апел за совесно трошење на водата!

Гордана Цветаноска

Концерт во Крушево „Со љубов за Тоше“ (16 години од последниот концерт на Тоше на 5 ти октомври)

Пела Редакција

Одземени 19м3 од нелегална сеча кај с.Гостиражни и 6,5м3 кај Вештачкото езеро

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе