7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во прилепско Канатларци се славеше победата на Ердоган

Селото Канатларци е претжно со турско население (90%), и речиси, секоја куќа има дел од своето потесно и пошироко семејствo кое живее во Турција. Турското население во ова село прилепско претставува вистински пример за меѓуетничко уважување и почит кон сите. Синоќа жителите на ова село со развиорени знамиња ја прославија победи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на предврремените претседателските и парламентарни избори кои се одржаа вчера во Турција

 

„Многу се израдувавме. Заслужена е победата на претседателот Ердоган. Ги следевме изборите преку сателитските ТВ канали и кога  турската изборна комисија соопшти дека Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори уште во првиот круг, се израдуваме и почнавме да славиме. Турција е наша пријателска земја, а 70 % од моето семјство живее  таму ! И  другите жители на с.Канатларци, имаа семејства во Турција, а контактите се постојани “ – радосно изјави за Радио Пела, Беџит Исмаилоски, жител на с.Канатларци

 

Инаку,илјадници граѓани денеска ја прослуваат победата на Партијата за правда и развој на Ердоган. А ,на адреса на Ердоган и натаму пристигнуват честитки.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи во првиот круг од претседателските избори на кои освои нов петгодишен мандат, но овојпат со извршни овластувања.

Од денеска претседателот на Турција има овластувања за промена на министри, прогласување вонредна состојба, издавање наредби, именување луѓе на клучни позиции со неограничен број потпретседатели. Турскиот парламент, согласно законските промени, во иднина ќе има 600, место 550 пратеници.

Ова се први избори одржани во вонредна состојба, воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година.

Би можело да ве интересира

Млад уметник со мал бизнис но со голема желба и љубов кон своите уникатни рачни изработки – Матеа Поповска (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Денот на ретките болести, со боење на рацете за подигнување на свеста за почитување на различностите

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Успешно спасени две туристки од Полска, кои паднаа во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе