16.2 C
Прилеп
понеделник, 15 јуни, 2026
Пела Радио

Во Прилеп во храмот кој го носи името на сесловенските просветител Кирил и Методиј оддадена почит на просветителите

Храмот „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис , кои со гордост го носи името на сесловенските пресветители, денеска со  Светата Божествена Архиерејска Литургија, посветена на споменот на  Свети Кирил и Методиј, со која чиноначалствуваште Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола и прилепските свештенослужители,  го одбележан празникот Св.Кирил и Методиј, во чест на двајцата браќа кои со нивната просветителска мисија ги обединија словенските народи, создавајќи ја сесловенската азбуката и  предведувајќи ги духовните книги на разбрирлив сесловенски јазик.

На денешната Света литургија во чест на Св. Кирил и Методиј присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски кој по овој повод им го честита празникот на прилепчани  24 Мај , Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Денеска со гордост и длабока почит, се навраќаме кон делото на сесловенските просветители кои му дадоа духовна и културна сила на словенскиот свет. Тие му подарија на народот можност да учи, да се просветлува и да го слуша Божјото слово на свој, разбирлив јазик. Токму затоа, нивното дело и денес претставува темел на нашето образование, култура и национален идентитет. Македонскиот јазик, писменоста и просветата се богатство кое мораме да го чуваме и да го пренесуваме на идните генерации. Во време на брзи промени, токму образованието и културата се најсилниот чувар на нашата самобитност и достоинство. Вечна нека е нивната просветителска мисија и светлината што ја оставија зад себе.

, истакна Проданоски.

Во духот на 24 Мај -Денот на сесловенските просветители, делото на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј останува едно од највеличествените цивилизациски наследства во македонската, словенската и европската историја.

Нивната мисија, родена во деветтиот век, не била само духовна и христијанска, туку и длабоко просветителска, културолошка и човечка. Таа претставувала пресвртница што засекогаш го променила духовниот и културниот развој на словенските народи, отворајќи им го патот кон писменоста, образованието и сопствениот духовен израз.

Нивното наследство и денес е обединувачка вредност за словенските народи и за Европа. Тоа нè потсетува дека културите не се создадени за да се разделуваат, туку за да се поврзуваат преку заемна почит, духовност и просветителство. Во таа смисла, Светите Кирил и Методиј не се само историски личности, туку  се вечен симбол на словото, просветата и духовната слобода.

Би можело да ве интересира

Филмот „Убиј ги прво децата“ ќе се прикажува во Мис Стон

Таблата на споменикот од Александар Македонски во Прилеп не издржа ниту еден ден

Ќе се одржи „Крушево низ корија“ на 14 и 15 август

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе