9.2 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Пелистерски овчи производи -сирење со посебен квалитет

Во битолското село Трново, Мандра Пелистерски овчи производи опстојува 8 години. Семејната традиција продолжила со производство на квалитетно бело, биено сирење, кашкавал и Пекорино. Меракот за преработка на млеко прераснал во семеен бизнис, велат од оваа мандра надалеку прочуена по специфичниот вкус на сирењето кое го добива од пашата на овците на потпелистерскате ливади. Покрај тоа начинот на преработка има главна улога при производството на екстра квалитетно сирење.

– Околу 16 години имам работено по млекари. За кашкавалот имам учено во Грција, Пекориното во Скопје го учев од Италијанец. Пекориното зрее 8 месеци на температура од 18 до 20 степени целзиусови. Додека трае процесот се чисти, а потоа се сече на триаголници и се вакумира. Потоа зрее на 12 степени температура уште 4 месеци. Значи целиот процес е 1 година, под година дена не го продаваме, затоа што го нема тој вкус што треба да биде, велат од Мандра Пелистерски овчи производи.

 

Би можело да ве интересира

Лајонси организираат конвенција и хуманитарна забава

(ВИДЕО) Јовески: пензионерите да ги искористат поволностите за бесплатен градски превоз во Прилеп

Гордана Цветаноска

ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе