8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Обвинителството нареди вештачење за утврдување на причините за сообраќајната несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товарно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.

Сочувство до семејствата за тешката загуба изразија од Болницата Плодност Битола каде работеа тројцата здравствени работници:

Би можело да ве интересира

Прилеп на второ место по број на активни Ковид случаи

Гордана Цветаноска

НЕ – ИМА: Гоце Делчев е симболот на македонскиот народ!

Гордана Цветаноска

За 15 мај закажани протести против Законот за учебници, Левица со реакција за Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе