30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Студентски стипендии за студенти од општина Прилеп

Општина Прилеп објави Јавен повик за студентски стипендии на 20 студенти од општина  Прилеп кои се запишани во прва година на Економски факултет – Прилеп, во прв уписен рок.

Стипендиите се наменети за:

– најдобрите студенти, кои се истакнале со својот успех и постигнувања,

-студенти од социјално ранливи категории, на кои оваа поддршка им е особено потребна.

Рокот за аплицирање е 5 дена од денот на објавувањето на Јавниот Повик , а пријавите се доставуваат во Општина Прилеп – преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата во затворен плик со намена “за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.

„Со оваа мерка покажуваме дека Прилеп вложува во иднината, давајќи им шанса на младите да се развиваат, да учат и да останат да градат успешна кариера токму овде – во својот град – стои во соопштението. Целта е поддршка на младите и нивното образование“, велат од општината

Целиот јавен повик со деталите и потребната документација е достапен на официјалната веб-страница на Општина Прилеп: ТУКА

Би можело да ве интересира

(Фото) Доделни третоноемвриски награди, најпрестижните награди на град Прилеп

Пела Редакција

Што одговорија прилепчани на прашањето „Како денеска се живее во Прилеп?„

Полицијата фати дрвокрадци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе