Со љубов за Никодим е хуманитарен настан кој го организираат неколку ентузијасти од Прилеп и Битола. На 15.10 вторник со почеток од 19 часот во клуб Калинка ќе се одржи овој хуманитарен настан на кој што ќе настапат: Sioto Jazz , The Dreamers , The Hounds и Banda Band .
Сите кои сакаат да помогнат на малиот Никодим да му се направи потребната операција во странство можат да дојдат, да бидат хумани со донации и да уживаат!
Картите се во продажба по цена од 150 денари секој ден од 10 до 13 часот и од 16 до 19 часот на билетарата на Дом на култура Марко Цепенков и во веге бар и ресторан Аура (во работното време на ресторанот).
https://www.facebook.com/share/S7Bzi7GPLd6ZWrvR/
Може да се донира и на следниот: https://pavelandreev.org/mk/campaign/spasete-go-zivotot-na-nikodim?fbclid=IwY2xjawF6Q4NleHRuA2FlbQIxMAABHfa5giP_9ThpeNyhkVzhFxWkJ4_wLc4hEHMct5p8z06ZCyvxZ0j9PQUxyg_aem_Qf7QgivL88bcMycXZwO7tQ
НИКОДИМ ИМА САМО 3,5 години, ИМА ТУМОР НА ГЛАВАТА И ХИДРОЦЕФАЛУС ЗА КОЈ ПОТРЕБНА ИТНА ОПЕРАЦИЈА ВО ТУРЦИЈА.