15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

РК Прилеп на домашен терен не успеа да ги освои бодовите од Тиквеш

Од самиот почеток Тиквеш имаше водство, и тоа во текот на целиот меч. Прилеп немаше сили да направи пресврт, ниту пак да им се приближи на гостите. Тиквеше во 8. коло од Суперлигата славеа на гостувањето кај Прилеп со 28-32.Томислав Квастек постигна шест гола за Прилеп,а кај гостите Димитар Коцев со шест гола беше предводникот на гостинската екипа.

Гостите одиграа подобро прво полувреме, па по триесет минути игра имаа предност од три гола 12-15. Во вториот дел успеаја да го исконтролираат мечот и да стигнат до конечмиот триумф , 28-32.

Прилепчани по петти пат заминуваат како поразени. Моментно Прилеп е на осмата позција на табелата од Супер лигата.

Би можело да ве интересира

Чадамов : Се знае каде е најдобро за играчите и во каква сала треба да се игра ракомет (ВИДЕО )

(ВИДЕО) Кадица е шампион на ОФС Прилеп за 2025 година

Никола Димески

Прв контролен натпревар на ФК Победа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе