10.9 C
Прилеп
недела, 20 октомври, 2024
Пела Радио

Дваесет и четврти по ред Пелагониски културно –научни средби во Новаци

Во општинската сала на Општина Новаци  на 19 ти октомври се одржaa 24 Пелагониски културно – научни средби. Оваа година, традиционалните награди, Советот на средбите, на чело со претседателката д-р Весна Калпаковска  ги  доделува на еминентни личности кои со својата професионална работа имаат придонесено  за развојот на уметноста, културата и науката во Битола и Македонија.

Повелбата за животно дело ќе му биде доделена на истакнатиот битолскиот новинар, хроничар и фотограф – Петар Ставрев.

Наградата „Златен клас за македонски вознес“ ќе ѝ биде доделена на новинарката Соња Лозановска, за промоција на македонскиот јазик, култура и уметност во Канада.

Оваа година, втор пат по ред ќе биде доделена наградата „Панде Манојлов“ за поезија, оваа награда Советот на средбите ќе ѝја врачи на д-р Лили Бошевска, која во континуитет го облагородува македонскиот поетски корпус со автентичен поетски израз.

Исто така,  награда за животно дело ќе му биде доделена и на битолскиот писател Ванде Ганчевски.

Во склоп на Средбите, беше промовиран и Деветнаесетиот  број на Зборникот на научни трудови на Пелагонските културно научни средби и ќе бидат презентирани трудовите кои ќе бидат сместени во 20 -тиот Зборник на Средбите, којшто ќе излезе од печат следната година.

Би можело да ве интересира

Водата не е исправна за пиење од 3 јавни чешми

Блокада на патотот Градско – Прилеп кај Сирково

Елизабета Филипоска

Прилеп има активни 294 Ковид случаи, од кои 15 на болничко лекување

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе