16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Репертоар на театарот „Војдан Черндорински“

В четврток на 24  и в петок на  25 октомври од 20.00 часот  во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе биде прикажана претставата „Хамлет“ во режија и адаптација на Бранко Брезовец.
Театарската претсава е поставена според истоимената трагедија на Вилијам Шекспир, а со користење на драмите „Во малиот дворец“ на Станислав Игнациј Виткиевич и „Чест“ на Васил Иљоски.
Улогите ги толкуваат  Зоран Иваноски,  Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска,  Марија Спиркоска Илијеска, Игор Трпчески
, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски,  Виолета Чакарова,  Наташа Ачански
и Ана Митоска.
Сценографијата е на Пеце Ристески, костимографијата на Сузана Брезовец, светломајстор е Ристе Гркоски, тон мајстор Томе Темелкоски, витражите се на Марта Црнобрња, соработник на режисерот е Борис Василески, а соработник за драматуршки прашања Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.
Влезници за претсавата можат да се резервираат на телeфон: 076 442 378

Би можело да ве интересира

Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

(ВИДЕО) Ристески: Без потпис на Сојузот за новите цени нема да дозволиме компаниите да склучуваат договори

15 дела „Прогрес“ од уметникот Методија Јорданоски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе