11.1 C
Прилеп
недела, 27 октомври, 2024
Пела Радио

Бербата привршува, се подготвува тутунската откупна кампања

Производната сезона тешко започна под неповолни временски услови, но останува уште малку време за прибирање на реколтата, велат тутунарите задоволни што периов им одат во прилог топлите есенски денови. Она што сега е актуелно се подготовките за претстојниот откуп. Договорите за актуелната реколта се потпишани со лански цени: 375 ден. за прва класа, 300 за втора и 260 ден. за трета класа. Тутунарите бараат повисоки цени. Годинава има 10 компании кои имаат добиено лиценци, оствариле бонитет за откуп на тутун, кои најавуваат отворање на поголем број откупните ваги.

Оваа реколта други ја договараа. Еве дојде ние да ја решаваме. Но мислам дека со успех ќе ја решиме. Од како го добивме овластувањето за застапници, за бранители на тутунарите, воспоставивме контакти со сите откупувачи. Дискутираме за цената, ние не сме задоволни од овие цени и тутунопроизводите. В понеделник имаме средба со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски кој е добар познавач на теренот и на тутунот. Мислиме дека ќе најдеме разбирање да договориме повисока цена. Се’ со цел да го задржиме производството на тутун и да ги задржиме младите да го работат тутунот. Поради тоа што статистиката говори дека тутунот го работат луѓе кои се над 55 години старост. За жал тие нема да ја задржат оваа гранка на производство,“ вели Кире Ристески, агроном инжинер, новиот претседател на Сојузот на тутунски здруженија – официјален претставник на тутунопроизводителите во преговорите со откупувачите и ресорното министерство.  

Тутунарите се надеваат дека поволните временски прилики есенва ќе овозможат потежок род кој што е со одличен квалитет.

„Годинава пролетва беше многу влажна, немаше добри услови да се посадат нивите. Потоа имаше голема суша. Сега со промената на времето, малку од малку ќе се подобри состојбата. Инаку очекувавме мала количина, дури и помалку од ланската. Ќе има мало зголемување од 20 до 30 %, но не драстично. Не сме задоволни со оваа цена. Се надеваме дека ќе постигнеме цена од која ќе бидат задоволни и тутунарите и ние како Сојуз,“ вели Јусуф Ибраими, село Житоше, долненско.

Во тек се и полагањата за добивање на лиценци за повереници и проценители кои годинава ќе бидат вкупно 80.  Проценките на Сојузот се дека годинава родот ќе тежи околу 17 милиони кгр тутун. Според договорите планирани се 26 милиони кгр. Процедурите за заверка на мострите треба да заврши најдоцна до 15 ноември, кога може да започне преземањето на реколтата. А тоа и годинава најмногу ќе зависи од коригираните цени

Би можело да ве интересира

Утре бесплатен градски превоз – в недела велосипедско дефиле

Елизабета Филипоска

Руската амбасада и Општина Прилеп го одбележаа Денот на сеќавањето

Гордана Цветаноска

Прилеп: порастот на новозаразени се должи на непретпазливост и непочитување на мерките

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе