1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Првпат претстава на влашки во Крушево

Во саботата  во Крушево, првпат откако влашкиот јазик е внесен во наставата во Крушево,  беше прикажана претставата за деца „Јованче и Марика“ во режија на наставничката по влашки јазик Надица Нане, а со адаптација на текстот од страна на наставникот по влашки јазик Ставре Шоке.

Улогите ги толкуваа учениците Ивана Колчакоска, Илија Христоски, Талија Хасаноска, Марија Котеска, Борис Николоски и Анастасија Дуза. Музички точки во претставата имаа ученците Цветанче Стојческа и Верица Јанкулоска.

Сцнографијата за претставата ја изготви ликовниот уметник и наставник по ликовно образование Емил Солески.

Станува збор за плод на меѓусебна соработка помеѓу Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ и училиштата „Никола Карев“ и „Наум Наумовски-Борче“, со поддршка на Министерството за култура и Општина Крушево.

Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, изрази задоволство од ентузијазмот на вклучените во проектот бидејќи истот прдидонесува за збогатување на понудата во градот но е и промотор на културните и мултиетнички вредности.

Чест и задоволство ми е што токму во Крушево  се одржа детската престава на влашки јазик Јованче и Марика на влашки јазик. Воедно, нашата општина е тројазична општина, мултифункционална со негување на традицијата и традиционалните вредности во годините наназад на сите етнички заедници кои живеат тука и во која соживотот е огромен и препознатлив. Власите заземаат голем дел од нашата култура на живеење и традиција. Заедно со уште неколку народи Власите се основачки народ на нашето Крушево- истакна Христоски. 

Тој додаде дека последниве неколку години работи на подобрување на условите за работа и за промоција на културата во градот.

Крушево во последните неколку години стана центар на историјата, културата, традицијата… 2023 година за нас доста битна година, бевме прогласени за град на култура со што ги доближивме културните вредности до сите крушевчани. Реализиравме низа на проекти од областа на културата, меѓу кои е оваа сала каде што ќе се одржува денешнава претстава, а тоа е проектот за „Целосно опремување на мултифункционална сала”, во која се одржуваат кино проекции, театарски претстави и други настани, со што се збогати културниот живот во Крушево. Набавивме монтажна бина, опрема за осветлување и озвучување на истата. Набавката на оваа опрема ќе овозможи заштеда на средства на општина Крушево за изнајмување на истата при организација на секој поединечен настан или манифестација. Крушево е и ќе биде собиралиште на младите од Општината во кој ќе се реализирааат младински и културни настани и работилници, но ќе биде и место на идеи за големи проекти со кои ќе се гордееме сите.

В.д. директорката на Домот на културата, Пандора Стеваноска радосна заради успешната изведбата на децата, но и од интересот од страна на публиката.

Со оглед на тоа дека Крушево е тројазична општина оваа претстава предизвика голем интерес кај нашите сограѓани за нејзина посетеност.  Соработката со учениците и наставниот колегиум со основото и средното училиште е секогаш на највисоко ниво. Преку разни едукативни работилници,одржување на поетски читања,организирање на уметнички изложби и музички концерти ја промовираме културата а најмногу за тоа се интересираат младите.И понатаму ќе се трудиме да соработуваме со нашите ученици и нивните ментори и ќе организираме бројни културни настани со цел што повеќе да ја докажеме нашата соработка со етничките заедници во нашата општина-рече директорката Стеваноска.

Наставничката Надица Нане, наставник по влашки јазик во крушевското училиште „Никола Карев“ ја режираше претставата, чиј текст го адаптираше наставникот Ставре Шоке, а сценографијата ја изготви наставникот Емил Солески. Според наставничката Надица Нене, на претставата и претходеле разговор со учениците и аудиција на која биле избрани учениците кои ќе ги тлкуваат улогите.

Пробите се одвиваа неочекувано добро и интересно, секоја нова проба беше побогата со плус нова идеја , за на крај да испадне една прекрасна детска претстава на влашки јазик, претстава која е проткаена со многу љубов, чувства и емоции не само кон актерството, туку и кон влашкиот јазик- раскажа со радост наставничката Нане.

Веќе е договорено претставата „Јованче и Марика“ на влашки  јазик да биде одиграна во Штип, Битола и Скопје.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

В година ќе нема произведство на сончоглед ако Владата не помогне со интервентниот фонд

Пела Редакција

(ВИДЕО) најдиме.орг.мк – поддршка за пријава и потрага по исчезнати лица

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Чупетрески: Редот и безбедноста се најважни во јавниот превоз

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе